Албанија, на барање на САД, ќе прифати преку 200 анти-ирански милитанти од редовите на МКО

Од:

Членката на НАТО сојузот, Албанија, понуди азил за преку 200 припадници на анти-иранската терористичка група Mojahedin-е-Khalq (MKO). Албанскиот премиер Сали Бериша истакна во соопштението овој викенд, дека Тирана е подготвена да пружи азил за 210 членови на МКО врз база на “хуманитарни причини”.

Покрај тоа, тој истакна дека Албанија е подготвена да ги прифати членовите на MKO, кои во моментов се наоѓаат на просторот на поранешната американска воена база Кемп Либерти во близина на аеродромот во Багдад, на барање на САД и на Обединетите Нации. Според информациите на ОН на просторот на базата Кемп Либерти се наоѓаат 3.000 членови на МКО.

Да потсетиме, кон крајот на 2012-та, за време на државната секретарка Хилари Клинтон, САД ја тргна организацијата MKO од листата на терористички организации. Кратко потоа истото го направи и Канада, а уште порано ЕУ.

По победата на револуцијата во Иран во 1979 година, убиени се повеќе од 17.000 Иранци, се верува дека 12.000 се убиени во терористичките напади од страна на MKO. 1986. членовите на организацијата бегаат од Иран во соседен Ирак, каде што добиваат поддршка од Садам Хусеин.

Според најновите информации, како што пренесува Радио Слободна Европа, членовите на MКO денес ја отфрлија понудата на Албанија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски