Десничарската унгарска влада наиде на критики откако ја додели една од најпрестижните државни новинарски награди на телевизиски водител познат по ширење на теоријата за завера против евреите и опишување на унгарските ромски малцинства како „човечки мајмуни“.
Денеска десет претходни добитници, ја враќаат наградата која му беше доделена на новинарот на про-владината телевизиска постава „Echo TV“, Станислав Френсис.
Министерот Золтан Балог, задолжен за доделување на оваа награда, изрази жалење поради овој случај, додавајќи дека не знаел дека Станислав е познат по антисемитизам и расистички коментари. Тој додал дека одземањето на доделената награда не е во негова надлежност.
Јасна Атанасова