Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски му го честитал изборот на својот египетски колега Мохамед Морси, посакувајќи му „успех во решавањето на сложените и големи задачи при обезбедување национално единство на земјата и спроведувањето на економските реформи“, соопшти Кремљ.
За време на разговорот двајцата шефови на држави го потврдија својот стремеж за зајакнување на традиционално пријателските руско-египетски односи.
Путин и Морси, исто така, размениле мислења и за актуелните меѓународни и регионални проблеми, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија, се додава во соопштението.