Педофил киднапирал и убил син на раководител на албанската тајна служба

Од:

Педофил го киднапрал и убил 11-годишниот син на заменик-директорот на секторот за антитероризам при албанската тајна служба ШИШ, Скендер Чела, јави дописникот на МИА од Тирана.

Малиот Јулијан Чела исчезна на 30 ноември лани, кога му се загуби секаква трага откако излегол од интернет клуб. Главните сомнеж беа дека неговото изчезнување е поврзано со работата на татако му.

По опсежната истрага, полицијата во врска со овој случај го уапсила регистрираниот педофил Ардијан Прењаси, кој признал дека го убил Јулијан Чела.

– Детето не го познавав, го земав со измама замолувајќи го да ми купи цигари и да ми ги донесе дома. Кога насилно сакав да го внесам во станот, тоа почна да вика. Тогаш го убив, го завиткав во ќебе и во ставив во голема пластична вреќа, која ја оставив во контејнер со отпад пред зградата во која живеам, непосредно пред да дојде камионот за отпад. Кога камионот ја зеде вреќата мирно си заминав дома, изјавил 45-годишниот Прењаси, кој во албанската јавност го доби називот „монструмот од (тиранската населба) Лапрак“.

Прењаси во полицијата бил регистриран како педофил, откако бил обвинет за сексулано злоставување на малолетник во Грција и во неговиот роден град Либражд. Тој е разведен од сопругата и е татко на три дец.

Албанското Министертво за правда соопшти дека ќе ја разгледа одлуката на Судот од 2008 година, кога бил обвинет за киднапирање дете, а бил казнет само со парична казна.

Директорот на албанската полиција Хисни Бургај, за медиумите кусо изјави дека Прењаси бил уапсен во момент кога киднапирал друг малолетник.

– Можам да кажам дека тоа беше една брза акција на полицијата со која се спречи друга трагедија која ја подготвувал монструмот. Ардијан Прењаси е убиецот на Јулијан Чела, изјави Бургај.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски