Купот на Македонија ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“

Од:

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја превзема комплетната организација на Завршниот турнир на кошаркарскиот Куп на Република Македонија 2013 година во машка конкуренција.

Купот ќе се одржи од 28 до 31 март, а ова ќе биде трета година по ред во која домаќин на турнирот за престижниот Куп-трофеј е нашата најголема спортска арена.

На Завршниот турнир од Купот на Македонија ќе учествуваат осум екипи: МЗТ Скопје Аеродром, Фени Индустри, Лирија, Кожув, Работнички, Куманово и Вардар. Според предвидениот распоред, во четврток (28 март) ќе се играат две четвртфинални средби, во петок (29 март) ќе се доиграат останатите два четвртфинални дуели, за сабота (30 март) се предвидени двете полуфиналиња, додека на финалето во недела (31 март) ќе му претстои и младинското финале (до 20 години) помеѓу младинските екипи на Вардар и Струмица.

Ова е инаку 21 издание на сениорскиот кошаркарски Куп на Македонија, а најтрофеен тим во историјата на натпреварувањето е КК Работнички со 8 освоени трофеи. Бранител на трофејот од минатата година е МЗТ Скопје Аеродром, кој вкупно има освоено 5 трофеи.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ