Шарапова на втората позиција на ВТА листата

Од:

Победничката на турнирот во Индијан Велс, Марија Шарапова на најновата ВТА листа изби на второто место.

Руската тенисерка ја потисна на третата позиција Викторија Азаренка, која поради повреда мораше да се повлече од настапот во Индијан Велс, а поради солидната предност Серена Вилијамс и покрај фактот што не беше дел од турнирот го задржа лидерското место.

Сепак Вилијамс загуби голем дел од предноста и сега таа има 10.365 бодови или 350 повеќе од второпласираната Шарапова.

Азаренка сега е трета додека на четвртото место се наоѓа Агњешка Радванска, а петте најдобри ги заокружува На Ли.

На шестата позиција се наоѓа Анжелик Кербер, седма е Сара Ерани, а првата десеторка ја заокружуваат Петра Квитова, Каролин Вознијацки и Саманта Стосур.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех