ВИДЕО: Владата работи на процесот за изработка на стратегија за паметна специјализација за истражување

Од:

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за образование и наука Арбер Адеми беа домаќини на високата делегација од Генералниот директорат на Здружениот истражувачки центар на Европската Комисија.

Согласно потпишаниот документ во Трст во 2017 година, Владата во јануари лани донесе одлука за започнување на процес за изработка на стратегија за паметна специјализација за истражување и иновации.

Со тоа, Владата се приклучи кон иницијативата на Европската унија за иден економски развој и трансформација на регионите базиран на домашни истражувачки и иновативни потенцијали како главни двигатели на конкурентноста на регионална и глобална сцена.

– Стратегијата за паметна специјализација е главен услов за користење на европските фондови, како и задолжителен предуслов за користење на структурните фондови. Во основата на паметната специјализација е детектирање на клучни области, активности и технологии во кои земјата остварува компаративни предности, а за кои истражувањето и иновациите се клучен фактор за зајакнување на економијата и конкурентноста на глобалниот пазар. Во таа насока, работна група и експертски тим во соработка со странски експерт, изработија мапирање на економските, научните и иновативни потенцијали на земјата, кој финансиски го подржаа ЕУ и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), појаснуваат од Владата.

Стратегијата за паметна специјализација преку дефинирање на областите и секторите се очекува да овозможи насочено вложување од страна на државата, науката и бизнисот, како и развивање на капацитети и потенцијали за создавање повисока додадена вредност, иновации, интернационализација и вмрежување.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари