ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ калкулира со лажни измислени бројки

Од:

ВМРО-ДПМНЕ уверува дека после 10 јануари нема започнато постапки за вработување, а доколку има тие се во симболичен број и ќе стори се таквите да бидат поништени, се вели во писмената партиска реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев во која тој обвини за злоупотреба на буџетски средства во предизборната кампања и за предизборни вработувања.

– Секоја постапка од страна на државните органи за која било постапено до 10 јануари, има согласност од надлежните државни органи, вклучително и од Државната комисија за спречување на корупција, се вели во реакцијата.

СДСМ, како што е наведено, калкулира со лажни измислени бројки, со цел да создаде впечаток дека изборниот резултат не зависи од граѓаните, туку од нешто друго.

– СДСМ нема кредибилитет да зборува затоа што токму денес нивниот кандидат во Охрид се пофали дека има 1.500 вработувања на партиски кадри во општината и во јавните претријатија. Партијата ќе треба да одговори и околу начинот на финансирање на нивната кампања, за кој, иако надлежните органи им посочија дека не е регулирано со закон, тие и овие избори се финансираат со кредит од Комерцијална Банка, стои во реaкцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски