Шефот на дипломатијата на Кина во прва посета на Сеул од 2015 година

Од:

Шефот на кинеската дипломатија е во посета на Сеул за првпат по четири години бидејќи двете држави настојуваат да ги поправат односите нарушени по распоредувањето американски противракетни системи во Јужна Кореја.

Кинескиот минстер за надворешни работи Ванг Ји ќе има средба со јужнокорејскиот колега Канг Кјунг-ваом и претседателот Мун Џае-ин за време на дводневната посета.

Ји последен пат го посети главниот град на Јужна Кореја во 2015 година, кога присуствуваше на трилатералниот состанок на кој присуствуваше и Јапонија.

Една година подоцна, односите се влошија поради планираното распоредување на американски ракетен одбранбен систем ТААД, во Јужна Кореја, дизајниран за пресретнување балистички ракети.

Пекинг соопшти дека со тоа се нарушува регионалната мрежа за безбедност, велејќи дека моќниот радар на системот може да достигне територија на Кина.

Јужна Кореја и САД продолжија со планот и го поставија ракетен одбранбен систем во 2017 година, изјавувајќи дека тоа е оправдано со провокациите на Северна Кореја.

Северна Кореја испука десетици проектили откако Мун Џае-ин стана претседател на Јужна Кореја во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени