Во Ирак заробен заменик лидерот на Исламска држава

Од:

Во Ирак е заробен Шакер Саба ал-Бадри, попознат како Ибн Халдун, братучед и воедно заменикот на Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на терористичката Исламска држава, кој беше убиен во октомври, пренесе Тасс, повикувајќи се на локалните медиуми.

Ибн Халдун се смета за „воениот емир“ на ова терористичка организација, кој се занимавал со разузнавачка активност во Исламска држава.

Неговиот братучед Ал-Багдади беше ликвидиран претходно, откако специјални единици на американските „Делта форс“ упаднаа во неговата резиденција во североисточниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак