Балет „Дон Кихот“ на 6. декември на големата сцена на Националната опера и балет

Од:

Балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус ќе биде изведен на 6 декември на големата сцена на Националната опера и балет. Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева.

Оркестарот од пултот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

Волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Балетско дело поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Don Q pass de deux, кој дава акцент на целата претстава.

Во главните улоги настапуваат:
Китри: Марија Кичевска Шокаровска
Базил: Васил Чичијашвили (Грузија)
Еспандо: Игор Веланоски
Мерцедес: Наташа Јосифовска
Улична: Ивана Коцевска
Дон Кихот: Александар Петковски
Санчо Панса: Лора Тарчуговска
Балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Учествуваат и деца од балетскиот оддел на нижо и средно балетско образование при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“

Чешкиот композитор и виолинист Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет. „Дон Кихот“ е балет во три чина базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес. Во него Минкус се покажува како одличен балетски мајстор и познавач на танцовиот стил. Во музиката, полна со мелодичност, силен ритмички пулс и чисти хармонски структури тој јасно го одразува духот на своето време.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска