Шведска фирма поради грешка за два часа изгуби 11 милиони евра

Од:

Шведската компанија за нега и убавина ФОРЕО соопшти денеска дека изгубила речиси 11 милиони долари поради погрешно наведена цена во системот за онлајн купување на „Црн петок“.

Шведска фирма информираше дека сите купувачи ќе ги добијат производите по пониската, погрешна цена, која на 29 ноември два часа беше истакната на веб страницата на компанијата.

„Иновативниот гаџет“ за масирање и нега на лице „УФО смарт маскинг дивајс“ за тие два часа бил продаван за само 9,99 долари наместо 279 долари.

– Иако со тоа изгубивме повеќе од 10 милиони долари, стекнавме речиси 40.000 нови купувачи, што е потврда дека „секое лошо за добро е“, оцени основачот на фирмата Филип Седиќ.

Дури утрово беше утврдена целокупната загуба од 38.575 уреди УФО по цена од 9,99 долари, што компанијата ја чинеше 10,7 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица