Екипата на Оклахома Сити со триумфот на гостувањето кај Далас го обезбеди пласманот во плеј офот од НБА лигата. Тие се трета екипа, втора од Запад која ќе учествува во доигрувањето за титулата.
Пред нив тоа им успеа на Сан Антонио (Запад) и Мајами (Исток).
Најефикасен на натпреварот беше Расел Вестбрук со 35 поени, а Кевин Дјурант имаше 31. Ова за Оклахома Сити беше 50-та победа сезонава.
22-та победа по ред ја оставри и Мајами на гостувањето кај Торонто и ова е втора најдолга серија на победи во историјата на НБА лигата.
Резултатите од ноќешните натпревари: Торонто – Мајами 91:108, Милвоки – Орландо 115:109, Лос Анџелес Клиперс – Њујорк 93:80, Хјустон – Голден Стејт 78:108, Минесота – Њу Орлеанс 97:95, Далас – Оклахома Сити 101:107, Бруклин – Атланта 93:105 и Лос Анџелес Лејкерс – Сакраменто 113:102.
Двојки за вечерва: Филаделфија – Портланд, Шарлот – Вашингтон, Кливленд – Индијана, Атланта – Далас, Детроит – Бруклин, Бостон – Мајами, Чикаго – Денвер, Мемфис – Минесота, Њу Орлеанс – Голден Стејт, Феникс – Лос Анџелес Лејкерс и Јута – Њујорк.
Пласман Источна конференција: Мајами 51-14 (победи-порази), Индијана 40-26, Њујорк 38-26, Бруклин 38-28, Атланта 37-29, Чикаго 36-29, Бостон 36-29, Милвоки 33-32,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 51-16, Оклахома Сити 50-17, Лос Анџелес Клиперс 46-21, Мемфис 44-21, Денвер 45-22, Голден Стејт 38-30, Хјустон 36-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-32, Јута 34-32,..