Прво издание на театарскиот фестивал „АКТФЕСТ“

Од:

Со претставата „Чекална“ во изведба на актерите од театарот „Миѓени” од Скадар, синоќа во Македонскиот народен театар започна 1-то издание на театарскиот фестивал посветен на актерите кои творат на албански јазик, „АКТФЕСТ“.

Фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура Хусни Исмаили кој истакна дека станува збор за проект во чии рамки публиката ќе може да проследи одлични театарски претстави на тетрите од земјава и од регионот.

-Министерството за култура, препознавајќи го значењето на фестивалот кој од денеска го збогати културниот простор во нашата земја, ја дава својата поддршка за негова реализација. Министерството за култура и во иднина ќе ја дава својата поддршка за сите проекти кои ја унапредуваат театарската дејност и соработката со театарите од регионот, со што ќе се придонесе за подобро меѓусебно запознавање и размена на искуства, рече министерот Исмаили, соопшти Министерство за култура.

Театарскиот фестивал „АКТФЕСТ“ во организација на „Тајм лаб Продакшн“, се одвива на сцените на Македонскиот народен театар и Театар Комедија, а во рамките на петте фестивалски вечери ќе бидат одиграни шест претстави од театарски куќи од Албанија, Косово и од Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“