Ирачкиот премиер Адел Абдул-Махди официјално поднесе оставка до Парламентот, а пратениците се очекува денеска да гласаат дали ќе ја прифатат.
Ирачкиот премиер ја најави својата оставка во петокот, еден ден откако за време на антивладините протести во Багдад и јужен Ирак беа убиени повеќе од 40 демонстранти и набргу откако ирачкиот шиитски верски лидер Али ал-Систани предупреди на можноста од граѓанска војна и ги повика пратениците да ја повлечат поддршката за Владата.
Вчера беа убиени уште тројца демонстранти, а најмалку 58 беа повредени.
Најмалку 400 демонстранти се убиени од 1 октомври, кога илјадници Ирачани излегоа на улиците на Багдад и претежно шиитските јужни провинции протестирајќи против корупцијата, лошите јавни услуги и недостигот на работни места.
Безбедносните сили користеа муниција, солзавец и димни бомби за да ги ратераат демонстрантите.