„Бранч енд брас“ во Филхармонија

Од:

Унгарскиот мајстор на туба Роланд Сентпали денеска напладне во Камерната сала на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Бранч енд брас“.

Ова е прв пладневен концерт во Филхармонија, а публиката пред настапот на Сентпали ќе има можност во опуштена атмосфера во фоајето на Филхармонија да ужива во мала закуска и кафе.

Роланд Сентпали е роден во Унгарија, а еуфониум почнал да свири на 12 години. Продолжил да изучува туба под менторство на Сандор Лукаш. Студирал на академијата „Бела Барток“, а потоа и на академијата „Франц Лист“. Сентпали е и композитор и арнжер, а негови композиции се дел од репертоарот на речиси секој тубист.

Моментално е прв тубист во Унгарската филхармонија, а постојано одржува мастер класови во Европа, САД и Јапонија.

Со Сентапали заедно на сцена ќе настапат Младен Ѓорѓевиќ – труба (Србија), Драган Младеновски – труба, Јордан Колевски – труба, Горан Арменски – труба, Милан Роксандиќ – хорна (Србија), Благоја Василевски – хорна, Димче Белчовски – тромбон, Тибор Балинт-тромбон (Србија), Бранко Илиевски – тромбон, Никола Ристевски – тромбон, Александар Ниниќ – туба. Гостин на концертот е диригентката Дијана Имери-Илкоска. На програмата се дела Чајковски, Габриели, Хендл и Стевенс.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска