Кошаркарите на Игокеа вечерва ја победија Крка и го обезбедија првото место на табелата во регионалната АБА лига. На натпреварот со кој заврши 25.коло Игокеа на свој терен славеше со резултат 84:75.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во овој круг го совлада Партизан со 66:64 на натпреварот одигран вчеравечер во Скопје и со овој триумф си ги задржа шансите за обезбедување на место кое носи учествува во евро-куповите.
Постигнати резултати на другите пет средби: Олимпија – Широки 63:81, Црвена Звезда – Будуќност 79:63, Шолнок – Задар 90:79, Цедевита – Цибона 92:78 и Сплит – Раднички 63:81.
Табела пред одигрување на последното 26.коло: Игокеа 19-6 (победи-порази), Црвена Звезда 18-7, Раднички 16-9, Будуќност 15-10, Партизан 15-10, Цедевита 14-11, Олимпија 13-12, МЗТ Скопје Аеродром 13-12, Цибона 9-16, Широки 9-16, Крка 9-16, Шолнок 9-16, Задар 8-17 и Сплит 8-17.