Во САД денеска од Лос Анџелес до Њујорк се одржуваат протести на групи млади Американци, а акцијата е под мотото „Штрајк за време на црн петок“.
Целта е да се бојкотира празничниот шопинг со огромни попусти и да се повика на промени во обичниот животен стил, за контрола над еколошките процеси.
Слични протести денеска имаше и во други метрополи, како во Берлин и Сиднеј, а целта е повик да се дејствува поактивно во запирање на климатските промени.
Во Австралија младите бараат Владата на Јужен Велс да ги запре сите проекти од областа на јагленот, нафтата или гасот, а се даде поттик за слични акции и во други градови во Азиско-пацифичкиот регион, во стилот на движењето што го започна 16- годишната активистка од Шведска, Грета Тунберг.
Протести се закажани и за наредите денови, во пресрет на климатската конференција на ОН која се одржува во Мадрид кон средината на декември, но аналитичарите предупредуваат дека таа нема да ги оправда очекувањата на демонстрантите.