Ирачкиот премиер Адил Абдул – Махди рече дека ќе поднесе оставка во време кога во земјата има големите антивладини протести, нешто повеќе од една година од стапувањето на должноста.
Неговата изјава, емитувана од ирачката телевизија, беше дадена еден ден откако безбедносните сили убија повеќе од 40 демонстранти и откако ирачкиот шиитски поглавар ајатолахот Али ал-Систани го повика Парламентот да размисли за поддршка на Владата.
Ајатолахот Ал-Систани денеска предупреди за можноста од граѓанска војна во земјата, ден по насилството во Багдад и јужните провинции.
И покрај вчерашното крвопролевање, безбедносните сили денеска убиле уште тројца демонстранти, а раниле осуммина, кои користеле борбена муниција во јужниот град Насирија.
На проповедта во градот Наџаф, Ал-Систани рече дека Парламентот, кој ја избра Владата на премиерот Адил Абдул-Махди, треба да ги разгледа опциите што му се на располагање.
Ал-Систани рече дека демонстрантите треба да направат разлика помеѓу оние што мирно протестираат и оние што се обидуваат да предизвикаат насилство, откако зградата на ирачкиот конзулат во Наџаф беше запалена.
Ирачките безбедносни сили вчера убија најмалку 40 антивладини демонстранти во Багдад и јужните градови Наџаф и Насирија, а насилството продолжи и денеска.