Моше Јалон именуван за министер за одбрана на Израел

Од:

Изралескиот премиер Бенјамин Натанјаху денеска го именува поранешниот шеф на армијата Моше Јалон за нов министер за одбрана, кој смета дека иранската нукеларна програма е најголема безбедносна грижа.

Јалон е познат и по тврдиот став кон Палестинците.

Јалон беше шеф на армијата од 2002 до 2005 година, а во досегашната израелска влада беше вицепермиер задолжен за стратешки работи.

Натанјаху истакна дека Јалон има искуство да се грижи за одбрана на Израел во текот на „одлучувачкиот период за безбедноста на Израел, додека регионот околу него беснее“.

Новата израелска влада треба да биде инагурирана во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег