Почина Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“. Тој беше сведок во Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“.
Неговото име беше спомнато во разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, а на снимката се слуша како Бојан Јовановски во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“.
СЈО во октомври лани му отвори истрага под кодно име „Базни станици“. Тој беше осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, на штета на акционерите на „Т-мобиле“ и државата.
Луковски важеше за човек близок со високото раководство на ВМРО- ДПМНЕ. Негов кум е ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.