ДОМ: Поднесени амандмани на Буџетот за екологија и наука

Од:

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, поднесоа вкупно единаесет амандмани на Буџетот, од кои осум за екологија во вредност од 33.000.000 евра и три за наука и високо образование во вредност од 1.900.000 евра.

„И во овој буџет, како и во минатогодишниот, предлагаме дополнителни 23.400.000 евра за Програмата за аерозагадувањето, 293.000 евра за акредитација на централна лабораторија и набавка на нови мерни инструменти, 211.000 евра за реконструкција на пречистителната станица во Дојран и 9.146.000 евра за доизградба на колекторот на Охридското Езеро. Средствата од Програмата за аерозагадувањето би се употребиле за промена на горивата, поставување фотоволтаици и енергетска ефикасност за јавни објекти и домаќинства, како и за подигање на урбано зеленило. Со средствата, пак, за колекторскиот систем во Охрид, би се заокружила финансиската рамка за целосна обнова и изградба, која започна оваа година.

Во разделот за животната средина предлагаме дополнителни 650.000 евра за нов Просторен план, според пресметките на самото министерство. За обновување на шумскиот фонд бараме дополнителни 163.000 евра, имајќи ги предвид климатските промени и шумските пожари. Предлагаме дополнителни 300.000 евра за вработување нови 60 лица и 195.000 евра за набавка на нови возила во шумската полиција, за поефикасно справување со дивата сеча.

Имаме сериозни забелешки за нискиот буџет во високото образование и науката, поради што предлагаме 3 амандмани во најкритичните области. Конкретно, 743.000 евра за вработување на 50 професори и 50 асистенти на УКИМ како највисокорангирана институција во високото образование, 650.000 евра за научно-истражувачка работа и 500.000 евра за реконструкција на студентските домови“, се вели во соопштението од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски