Десетмина загинати во терористички напад во Ирак

Од:

Десет луѓе загина, а 21 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во ирачкиот град Гармат Али, на околу 20 километри северно од Басра.

Нападот бил извршен на автобуска станица.

Бомбата експлодира во областа населена со шиити. Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Пред експлозијата на автобуската станица во Гармат Али, во центарот на Басра, на паркингот пред владината зграда беше активирана бомба. Во тој инцидент никој не е повреден.

Нападите се извршени пред одбележувањето на 10-годишнината од американската инвазија врз Ирак, со која е соборен од власт режимот на Садам Хусеин.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак