Кина протестира против американскиот Закон за човековите права во Хонг Конг

Од:

Кина денеска го повика на разговор американскиот амбасадор во Пекинг, Тери Бренстад, за да му изрази „силен протест“ за одлуката на претседателот Доналд Трамп да го потпише Законот за човековите права во Хонг Конг.

Трамп претходно, како што пренесуваат британските медиуми, го потпиша законот, што го усвои Конгресот, за давање поддршка на демонстрантите во Хонг Конг и санкции кон кинеските власти.

Заменик шефот на кинеската дипломатија, Ле Јученг, на американскиот амбасадор му пренел дека таквиот чекор претставува „сериозно мешање во внатрешните работи на Кина и сериозно кршење на меѓународното право“, пренесоа американските медиуми.

Потегот на Трамп кинескиот дипломат го нарекол „отворен хегемоностички чин“ и ги повика САД да не го применуват законот за да спречат да се направи поголема штета во односите меѓу САД и Кина.

Во претходно објавено соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи остро се осудува потпишувањето на законот и најавените санкции кон Кина. Во него се наведува дека целиот народ на Хонг Конг и на Кина се противат на таквата одлука.

Американските медиуми додаваат дека се уште не се знае како Кина, освен усната реакција, ќе постапи по оваа одлука на Трамп.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени