Штабот за заштита и спасување на ЈП Комунална хигиена- Скопје денеска упати повик до сите вработени во Претпријатието кои со свои донации во вид на парични средства или материјална хуманитарна помош (храна, облека, хигиенски средства…) сакаат да им помогнат на жителите на градовите од соседна Албанија кои вчера беа погодени од катастрофалниот земјотрес.
Како што информираат од ЈП Комунална Хигиена, пунктот за помош во претпријатието ќе биде отворен до 14 часот во сабота – 30 ноември, кога и собраната помош преку Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе биде транспортирана за Р.Албанија. Со свои донации може да се приклучат и сите останати граѓани.