СДСМ: Нашите мерки во енергетиката се шампионски, цената на струјата е најниска во Европа

Од:

„По децениско уназадување на енергетиката и злоупотреби, енергетиката со мерките на СДСМ е на прав пат. Цената на струјата е стабилизирана и престана да расте.

Имаме најниска цена на струјата во Европа, за разлика од црните години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога цената на струјата се покачи за 100 отсто.

Го исполнивме едно од клучните ветувања од „План за живот“ и ја вративме евтината тарифа на струја“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Домашното производство на струја расте, денес не увезуваме туку продаваме.

За 2 години ЕСМ продаде електрична енергија во износ од 40 милиони евра.

ЕСМ бележи добивка од 80 милиони евра и тие средства се вложуваат во мерки против аерозагадувањето.

Додека Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ се водеше најлошата енергетска политика, граѓаните плаќаа огромни сметки, а парите се трошеа на изградба на рајски градини.

Тоа е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваше и искористуваше, СДСМ ја враќа енергетиката на прав пат, цената на струјата е стабилизирана, се повеќе пари остануваат кај граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он