ВМРО-ДПМНЕ: Власта расипнички и недомаќински се однесува со парите на граѓаните

Од:

„Зоран Заев и Нина Ангеловска го скроија најмегаломанскиот буџет во историјата на државата. Власта догодина планира да потроши 4 милијарди евра.

И додека буџетот е зголемен за 200 милиони евра, од стапката капитални инвестиции власта предвидува 43 милиони евра помалку од оваа година.

Заев предвидува помалку пари за патишта, пруги и гасоводи. Но затоа има над 850 милиони евра за стоки и услуги.

Власта расипнички и недомаќински се однесува со парите на граѓаните, и затоа и одвојува над 180 милиони евра повеќе за стоки и услуги од оваа година. Тоа се пари кои ќе се трошат за привремени вработуваеа, тендери и дневници за функционерите.

И додека се фалат дека буџетот е за граѓаните. Имаме намалување на 17% од стапката за наука. Нема повеќе пари ниту за земјоделците.

Овој буџет е неразвоен и нереален. Тој не ги отсликува реалните потреби на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ