Во Белата куќа денеска пристигна божиќната елка, која официјално ја прими првата дама Меланија Трамп.
Дрвото беше донесено до главниот влез на Белата куќа со запрежнa колa влеченa од коњи, додека членовите на воениот оркестар свиреа божиќна музика.
Елката се одгледуваше во фармата на Лери Снајдер во Пенсилванија, која победи на годишниот натпревар организиран од Националното здружение на елки.
Претставници на Белата куќа го избраа дрвото пред три недели за време на посетата на фармата на Снајдер.