ЦИА подготвува напади со беспилотни летала во Сирија

Од:

ЦИА забрзано подготвува испраќање беспилотни летала во Сирија со цел “заштита на САД и нејзините сојузници”, пренесува влијателниот американски весник ЛА Тајмс. Поточно, според зборовите на сегашните и поранешните американски официјални лица, ЦИА планира наскоро со директни напади на “исламските екстремисти” во Сирија.

Ова е апсолутен врв на меѓународното лицемерие – се чини дека САД систематски “создава” радикални елементи, за потоа да ги убива со беспилотни летала, од удобните фотелји. За да нема забуна, ова не се никакви нови откритија и процесот што го споменуваме покренат е во повеќе држави, но можеби никогаш досега толку директно и отворено, пред очите и ушите на меѓународната заедница, која – очигледно – се помалку се грижи за ескалацијата на американскиот милитаризам.

За оние кои до сега не го следеа сирискиот конфликт, да потсетиме – САД е клучната сила што од почетокот се обидуваше да ги милитаризира немирите во Сирија што избија во 2011 година. Исто како во случајот со Либија, но не и во случајот со подобните влади како што се Тунис и Египет, и во Сирија уличните протести – кои беа значително помали отколку во другите земји кои беа зафатени – наскоро се претвораат во вооружен бунт.

Во вооружување и финансирање на сириските бунтовници, директно или преку посредници, учествуваат САД, Велика Британија, Франција, Германија, Турција, Саудиска Арабија, Катар, Јордан, но во организираното настојување за уривање на власта во Дамаск, повеќе или помалку се вклучени речиси сите членки на НАТО, како и организации како што е Арапската лига.

Радикалните екстремисти во Сирија, создадени се од оваа кампања и дадено им е оружје. Понатаму, важно е да се напомене дека значителен број од нив воопшто не е од Сирија, туку доаѓаат од многу странски држави.

Сега истите тие групи ЦИА сака да ги елиминира? Можеби, а можеби пред тоа сака уште малку да се вклучи во војната на нивна страна. Да не заборавиме дека не толку одамна, во август минатата година, влијателни американски извори го поздравија доаѓањето на Ал-Каеда, светската терористичка организација број 1 во Сирија.

Тешко е да не се запрашаме – колку противречности светската јавност може да проголта во рамките на овој двегодишен конфликт?

ЛА Тајмс истакнува дека напади со беспилотни летала во Сирија, не одобрил Барак Обама, но прашање е дали таква програма воопшто би се истакнувала во јавноста. Поточно, американскиот Противтерористички Центар, кој ги води нападите на ЦИА со беспилотни летала во Пакистан и Јемен, неодамна префрли неколку клучни претставници, во проектот поврзан за собирање на разузнавачки информации за милитантите во Сирија кои би можеле “да претставуваат терористичка закана”.

Во весникот, исто така се наведува дека американските претставници веруваат дека некои од овие радикали се приклучиле кон исламистичките милитанти во борбата против Башар ал-Асад. Понатаму, се истакнува дека клучни луѓе на ЦИА за Сирија се наоѓаат во САД, а не на теренот, но исто така се истакнува колку тесно се соработува со саудиските, јорданските и другите регионални шпионски агенции. Претставници на ЦИА се состанаа со сириските бунтовници во Турција и Јордан, велат извори. Не е ни чудо, бидејќи веќе некое време е познато дека ЦИА активно учествува во обука и вооружување на сириските бунтовници.

Специјални претставници на ЦИА имаат задача да собираат информации, како што се извештаи, снимки од телефонски разговори, видео записи, јавни документи и информации обезбедени од страна на странските разузнавачки служби. Сите овие податоци се користат за создавање на т.н. “Целни пакети”. Со други зборови, ЦИА однапред знае кого и каде сака да го елиминира, само треба позив за почеток на операцијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија