Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одигра одличен меч и го совлада Томаш Бердих од Чешка со резултат 6:4, 7:5 во полуфиналето на турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс.
Бердих во вториот сет водеше со 5:3, сервираше за изедначување во сетови, но изгуби четири гема во низа, а со тоа и мечот.
Надал, кој ја освои титулата во 2007. и 2009. во Индијан Велс, за трета титула ќе игра со подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Дел Потро.