Одбрамбени системи на Западниот брег на САД поради страв од севернокорејски напад

Од:

Американски официјални претставници потврдија дека администрацијата на Обама поставува 14 нови одбранбени ракетни системи на територијата на западниот брег на САД. До одлуката доаѓа, според американски официјални претставници, како резултат на напредокот на севернокорејските проектили со голем дострел. Да потсетиме, Северна Кореја истакна дека тие имаат право на “превентивен нуклеарен напад.”

Веста ја потврди американскиот секретар за одбрана, Чак Хејгел. “Причината зошто ние одиме напред со програмата за заштита на татковината е таа што не сакаме ништо да оставиме на случајот. Мораме да бидеме пред сите закани”, рече Хејгел. Новите 14 ракетни системи ќе бидат инсталирани до 2017 година. Ова значи дека вкупниот број на одбрамбени ракетни системи на брегот на САД ќе се зголеми на 44. Трошоците за поставување на дополнителни 14 системи ќе изнесува 1 милијарда долари.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија