Од почетокот на годината во Србија се убиени 28 жени

Од:

Само во текот на оваа година, до ноември, во Србија се убиени 28 жени, информира српскиот омбудсман Зоран Пашалиќ, пишува весникот „Вечерње новости“.

По повод 25 ноември, Меѓународниот ден на борбата против насилството врз жените, омбудсманот Пашалиќ посебно внимание посвети на значењето на прифаќањето на Националната стратегија за спречување и борба со насилството во семејството и партнерските односи, информира весникот.

Според Пашалиќ, особено внимание треба да се посвети на спречувањето на насилството врз жените на село, на жените со инвалидност и ромските жени, како и на развојот на услугите во заедницата, за да може на жените жртви на насилсто да им се укажат сите видови поддршка за пријавување на насилството, како и помош за тоа тие да станат самостојни.

Пашалиќ уште и кажа дека голем проблем претставува тоа што жените жртви на насилство немаат можност со своите деца да го напуштат насилникот, бидејќи не се финаниски обезбедени.

– Доколку, сепак, се решат на таков чекор тие прифаќаат дека ќе живеат во економска несигурност, изјави српскиот омбудсман.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он