Претседателот на ХДЗ, Томислав Карамарко при посетата на Брисел ја истакна својата загриженост за новата политичка ситуација кај најблиските соседи, Србите.
„Изборот за претседател Томислав Николиќ и целиот состав на новата влада на Србија е продолжение на политиката на Слободан Милошевиќ и Воислав Шешељ. Тоа е фашистичка политика и зошто да не се каже отворено дека народот во Србија и регионот не го очекува ништо добро“, изјави Карамарко.
Карамарко го изрази и своето незадоволство околу забавеното пристапување на Хрватска во ЕУ, кое треба да се случи на 1 јули 2013 година според планот.
Покрај Хрватска, Црна Гора е следната која веќе доби датум за почеток на преговорите и Карамарко им ја вети помошта на Црногорците, веднаш штом Хрватска ќе влезе во ЕУ.