Погребана шведската принцеза Лилијан

Од:

Шведската принцеза Лилијан, која пред шест дена почина на 98 година, денеска е погребана на кралските гробишта во Стокхолм.

Принцеза Лилијан беше жена на принцот Бертил, кој почина во 1997 година, а нивната 33-годишна тајна романса стана најпозната шведска љубовна приказна.

Тие се сретнале и се вљубиле во Лондон, за време на Втората светска војна, но својата врска морала да ја држат во тајност со децении, поради правилата во кралското семејство и можните проблеми во земјата.

Лилијан и принцот Бертил морале да ја кријат љубовната врска, бидејќи постариот брат на принцот и наследник на престолот, принц Густаф Адолф загинал во авионска несреќа во 1947 година, додека другиот брат Сигвард, го изгубил правото на престолот откако се оженил со жена од народот. На тој начин Бертил бил единствен наследник на престолот, се додека неговиот внук, принц Карл Густаф не стане полнолетен.

Ако принцот Бертил се оженел со граѓанка, тогаш ќе морал да се откаже од правото на престолот, што највероватно ќе предизвикаше криза во земјата.

Наследникот на тронот Карл Густав конечно стана крал во 1973 година, а неколку години подоцна и се ожени, па така Лилијан и принц Бертил конечно можеа да се венчаат и како брачна двојка да се појават во јавност.

Шведскиот Кралски суд соопшти дела принцезата, родена како Лилијан Дејвис во август 1915 година во Свонси, Велс починала мирно, во сон, во својата куќа во Стокхолм.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица