Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Струга, Крушево и на планинскиот превој Пресека. На Попова Шапка, Маврово и планинскиот превој Ѓавато провејува слаб снег.
Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојните места, а по клисурите и усеците е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.