Република Науру од Јужниот Пацифик е 17 држава која го повлекува признавањето на Косово, соопштија српските медиуми кои тврдат дека информацијата е потврдена од дипломатски извори.
Република Науру е најмалата независна република на светот со површина од 21,3 киллометри квадратни, која под влијание на Австралија меѓу првите го признаа Косово во април 2008 година.
На островот живеат 12 племиња, а откриен е од британскиот морепловец Џон Ферн во 1798 година. Германците беа колонијални владетели кон крајот на 19 век, а потоа заеднички со островот администрираа Австралија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство. Науру стекна независност во 1968 година.