Уште тројца демонстранти убиени во судирите со безбедносните сили во Багдад

Од:

Уште тројца демонстранти загинаа во денешните тешки судири со безбедносните сили во центарот на Багдад, соопштија ирачките власти.

Со ова бројот на убиени во денешните судири во ирачкиот главен град достигна седум жртви.

Официјални безбедносни и здравствени претставници соопштија дека попладнево се убиени тројца демонстранти, а 24 се повредени во судирите со безбедносните сили кои користеле солзавец, звучни бомби и боева муниција за да ги растераат.

Во судирите во текот на ноќа во Багдад загинаа четворица демонстранти, а десетици беа повредени.

Од 1 октомври, во Багдад и јужен Ирак се одржуваат антивладини протести на кои се бараат реформи и заминување од власт на политичарите, кои, наводно, се корумпирани и некомпетентни.

Според полицијата и болнички извори, од почетокот на протестите се убиени повеќе од 330 лица.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак