Путин свика вонредна седница на рускиот Совет за безбедност по прашањето за Сирија

Од:

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, потврди дека рускиот претседател Владимир Путин, свика итен состанок на рускиот Совет за безбедност и дека Сирија беше една од главните теми.

Песков на новинарите им изјави дека за време на средбата се разговарало и за Сирија и за други меѓународни прашања. Во однос на Сирија, беше истакнато дека треба да се стави крај на тамошниот конфликт. Беше разговарано за неодамнешните контакти на Москва со претставниците на сириската опозиција и западните официјални претставници.

Да потсетиме, во последните изјави на рускиот министер за надворешни работи, истакнато е дека мировните преговори треба да бидат врз основа на договорот постигнат во Женева минатото лето.

На состанокот беа клучни луѓе, вклучувајќи го и претседателот на Думата, советот на Федерацијата, претставници на министерството за надворешни работи, внатрешни работи и за одбрана, како и директорот на надворешните разузнавачки служби.

Во исто време е одржан и состанок на сирискиот амбасадор во Москва, Ријад Хадад, со рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов.

Средбата доаѓа само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин се сретна со претседателот на палестинската автономија, Махмуд Абас, во Москва. На тој состанок се разговарало за потенцијалниот почеток на мировните преговори меѓу Израел и Палестина. “Се надеваме дека опширните преговори со Израел ќе започнат оваа година”, изјави Абас.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он