Пентагон: Не се точни наводите дека се повлекуваме од Јужна Кореја

Од:

Пентагон денеска ги негираше наводите на јужнокорејските медиуми дека САД ја разгледува можноста за значително намалување на бројот на војници во Јужна Кореја, доколку Сеул не придонесе позначително во делот на распределбата на трошоцитеза американските војници.

Претходно американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека не е запознаен со било какви планови дека 4.000 американски војници се повлекуваат од Јужна Кореја, во случај на неуспех на преговорите за поделба на трошоците.

-Не сум слушнал за тоа, рече Еспер во текот на посетата на Виетнам, запрашан за коментар за наводите на јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“, пренесуваат британските медиуми.

На прашањето дали постои закана американските сили да се повлечат од Јужна Кореја во случај на неуспех на преговорите, Еспер кажа дека САД не им се закануваат на сојузниците.

-Тоа се преговори, нагласи тој.

Портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман, изјави дека „нема апсолутно никаква вистина во текстот на „Чосун Илбо“ дека американското Министерство за одбрана во моментов ја разгледува можноста да ги тргне своите војници од Корејскиот полуостров.

-Еспер минатата недела беше во Јужна Кореја каде повеќе пати ја повтори нашата цврста посветеност на Јужна Кореја и нејзиниот народ, рече Хофман.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски