Судијката Димишкова која ја спомнуваа Боки 13 и Камчев, на распит кај Русковска

Од:

Весна Димишкова, судијката од Кривичниот суд во Скопје, од утрово е повикана во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Нема информации за што е повикана судијката во Обвинителството, но неофицијално, поканата е за истрагата за случајот „Рекет“.

Нејзиното име го спомна обвинетиот Бојан Јовановски во снимката која што ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“. Јовановски во снимката на Камчев му рече дека треба да се почека Димишкова да почекаат да видат „што ќе напраи до среда“.

„Боки, ти ми кажа со Катица да пуштам барање за четврток. Ти ми кажа дека судијката ќе биде отсутна дента, дека ќе биде Реџепагиќ, да те цитирам шо зборевме ја и ти“, му рече Камчев на Јовановски.

Медиумите веќе објавија дека во записникот од пријавата за Камчев, се споменуваат судијката Димишкова и нејзиниот брат Васил Димишков.

Димишкова, беше судијката што на Катица Јанева ѝ даде наредба за влез во УБК, за истрагата со прислушувањето, и која ја потпиша наредбата за претрес во станот на сега покојниот Коста Крпач.

Таа е избрана за судија од 2004 година и го судеше предметот со кокаинот откриен во канти со поликолор за кој беше обвинета Станислава Чочороска Полетан и предметот против Панде Лазаров, ексдиректорот на поранешното ЕСМ, за поткуп од кинеска компанија за изградбата на „Козјак“.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов