СДСМ: Раст на просечната плата за 4,4 отсто во септември

Од:

„Политиките на СДСМ за зголемувањето на животниот стандард, обезбедување повеќе пари кај грашаните и поддршката за стопанството даваат резултати.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во септември годинава бележи ираст од 4,4 отсто и изнесува 25.435 денари што е за 1.080 денари повисока во однос на истиот месец 2018 година.

Зголемувањето на платите се должи на политиката на СДСМ за подобрување на животниот стандард на граѓаните и покачувањето на платите во јавната администрација, а пред се во образованието, здравството и социјалната заштита“, соопштуваат од СДСМ.

„Трендот на значително зголемување на платите ќе продолжи и наредните месеци со усвојувањето на законот за субвенционирање на придонесите на плати за работодавачите, кои ќе им ги покачат платите на своите вработени од 100 евра, предложен од СДСМ, но и со рекордниот раст на минималната плата за 5.500 денари на 14.500 денари.

Одговорните и домаќински политики на СДСМ се поттик за економскиот раст и за растот на платите, тоа го потврди и Меѓународниот монетарен фонд , кој го нагласи фактот дека покрај зголемувањето на платите, невработеноста достигна историско најниско ниво од 17,5 проценти.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките од Програмата кои обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он