Оригина партитура, напишана од Волфганг Амадеус Моцарт на возраст од 16 години, а која беше дел од колекцијата на познатиот австриски писател Стефан Звеиг, беше продадена на аукција за 372.500 евра во Париз, скоро двојно повеќе од почетната цена.
Нотниот запис, со два завршени менуети за оркестар, компониран во 1772 година во Салцбург на кој Моцарт напишал „готово“, беше проценет на 150.000 до 200.000 евра.
„Тоа е единствен примерок од партитурата. Моцарт секогаш ги пишуваше првите верзии, за разлика од Бетовен кој постојано се враќаше кон нив“, рече Симон Магваер, експерт за музички партитури.
Партитурата за сочувала сестрата на Моцарт, Мариа Ана, а на крајот завршила во богатата колекција на Стефан Звеиг.
Моцарт првите дела ги компонирал уште како дете со помош на неговиот татко.