Кошаркарите на Барселона се првите кои обезбедија пласман во четвртфиналето од кошаркарите на Евролигата по комплетирањето на 11.коло во Евролигата.
Постигнати резултати на синоќешните натпреварите од 11.коло во Евролигата: ЦСКА Москва – Жалгирис 70:61, Реал Мадрид – Уникаха 74:77, Панатинаикос – Алба 82:58 и Барселона – Бешикташ 86:61.
Резултати на натпреварите одиграни во средата: Ефес – Бросе Баскет 89:86 (продолжение), Макаби – Химки 80:79, Монтепаски – Олимпијакос 67:68 и Каха Лаборал – Фенербахче 87:67.
Табела Е група: Реал Мадрид 9-2 (победи – порази), Ефес 9-2, ЦСКА Москва 8-3, Панатинаикос 7-4, Уникаха 6-5, Жалгирис 4-7, Алба 1-10, Бросе Баскет 0-11.
Табела Ф група: Барселона 10-1, Монтепаски 7-4, Олимпијакос 7-4, -Химки 6-5, Макаби 6-5, Каха Лаборал 6-5, Фенербахче 2-9, Бешикташ 0-11.