Тоше Проески добива улица во селото Јабука кај Панчево

Од:

Еден од најдобрите пејачи од пост-југословенскиот простор, Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, ќе добие улица во селото Јабука во близина на Панчево.

Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, упатен е до Градското собрание на Панчево.

Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.

Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево, кој и ден денес има голем број на обожаватели и чии песни многу често се емитуваат на радио-телевизијските станици во Србија.

Тоше Проески почина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Седумнаесет години без Тоше Проески

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Почина таткото на Тоше Проески

A1on

Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево

Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески