Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во соработка со Здружението на преведувачи и толкувачи денеска ќе организира работилници за преведување и титлување.
Студентите ќе бидат запознати и со конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ за 2020 година кој ќе го претстави проф. Огнена Никуљски, претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи.
Во 2018 година оваа награда ја освои студентката Адријана Трајанова од Катедрата за германски јазик и книжевност на Штипскиот универзитет, за превод на сегмент од германското дело „Да се имаме еден со друг” од Лујзе Мајер.