Жителка на Кавадарци под истрага за продажба на дрога во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против Кавадарчанка за неовластено производство и пуштање во промет на дроги во Скопје.

– На 14 ноември, при претрес во домот каде што времено престојувала осомничената жителка на Кавадарци, на улица „Венјамин Мачуковски“ во Скопје, овластени полициски службеници пронашле 5,79 грама наркотична дрога – хероин и 0,58 грама марихуана. При претресот биле пронајдени и парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога, се вели во соопштението од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител оценил дека се исполнети законските основи, односно дека осомничената би можела да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, па до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он