Изутринава е пукано на пунктот на мултиетничката полиција кај селото Доброшин во општина Бујановац, при што еден полицаец е ранет, соопшти полициската управа од Врање.
Нападот трае 5 минути и бил извршен од правец на административната линија си Косово, од која полицискиот пункт е оддалечен неколку стотини метри.
Ваков напад имаше и пред еден месец на истиот полициски пункт.