Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека по истекот на Договорот за слободно движење во јануари 2021 година, Велика Британија ќе ги третира граѓаните на ЕУ и имигрантите од другите делови на светот на ист начин.
„Додека ја напуштаме ЕУ, имаме можност за нов фер однос за да се осигураме дека сите што доаѓаат тука ќе се третираат на ист начин. Нашиот имиграциски систем ќе биде изедначе“, посочи Џонсон во денешното соопштение.
Изнесувајќи детали за имиграциската политика по Брегзит, Џонсон најави дека граѓаните пд ЕУ ќе треба да чекаат пет години пред да добијат пристап до социјална помош и ќе треба дополнително да платат за здравствени услуги.