САД воведоа санкции за кубанскиот министер за внатрешни работи

Од:

САД воведоа санкции кон кубанскиот министер за внатрешни работи Хулио Сесар Гандарило Бермехо, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Помпео на Твитер објави дека кубанското Министерство за внатрешни работи, предводено од Бермехо, се впуштило во грубо кршење на човековите права во Венецуела, произволно уапсиле илјадници кубански граѓани и незаконски привеле повеќе од 100 политички затвореници.

„Ние го сметаме од денеска за одговорен“, објави Помпео.

Стејт департментот објави соопштение на сајтот во кое се осудува „репресија на човековите права и основните слободи“ на Куба.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија