Албанските власти евакуираа стотици граѓани од нивните домови, поради поројните дождови што предизвикаа поплави во западниот дел на земјата.
Албанскиот министер за внатрешни работи Фламур Нока изјави дека околу 8.000 акри земјоделска површина биле поплавени, откако денеска наврна три пати поголема количина од месечниот просек, вообичаен за сезоната.
Ураганските ветрови предизвикаа прекин на струјата и лизгање на земјиштето, што ги принудија властите да затворат неколку патишта.
Енергетските компании соопштија дека засега нема опасност од прелевање на водните резервоари на клучните електроцентрали во регионот, кои произведуваат поголем дел од електричната енергија во земјата.